Петок, 27 декември 2013 година
Работен состанок на претседателот Вељаноски со македонскиот дипломатски кор


Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска оствари работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва и мисии на Република Македонија во странство.
На средбата присуствуваа и претседателот на Комисијата за надворешна политика, г. Антонијо Милошоски и претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини.
Македонскиот дипломатски кор ги информираше претседателот Вељаноски и двајцата пратеници за актуелните прашања од областа на дипломатското застапување на Република Македонија и воедно разменија мислење за повеќе сегменти значајни за одржување на доброто ниво на парламентарната соработка, но и за нејзино продлабочување со другите држави и ефектуирање на таа соработка.
Во фокусот на разговорите беа и стратешките приоритети и цели на Република Македонија, членството во НАТО и отпочнување на преговорите со Европската унија.
Претседателот Вељаноски се заблагодари за досегашниот ангажман на македонските дипломати во насока на јакнење и унапредување на парламентарната соработка на Собранието на Република Македонија со Парламентите на другите државите и за севкупното нивно залагање во градењето позитивна слика за нашата држава, презентирање на капацитетот со кој располага и вредностите кои ги има.