Петок, 5 јули 2013 година
Учество на собраниска делегација на парламентарен состанок на Енергетската заедница

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Драган Цуклев, г. Реџаил Исмаили и г. Николче Ацевски, учествуваше на Првиот состанок на пратеници од земјите учеснички и пријатели на Енергетската заедница, кој се одржа вчера во Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена, Австрија