Понеделник, 25 февруари 2013 година, Брисел
Учество на Делегација на Комисијата за економски прашања на Парламентарен семинар за енергетска политика

Делегација на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Комисијата, г-ѓа Владанка Авировиќ, а во состав: г. Малиша Станковиќ, заменик на претседателот на Комисијата за економски прашања, г. Реџаил Исмаили и г. Драган Цуклев, на 21 и 22 февруари 2013 година престојуваше во Брисел, Кралството Белгија. За време на посетата, Делегацијата учествуваше на Парламентарен семинар на тема „Енергетската политика на ЕУ и нејзиното влијание врз земјите во претпристапен процес” во Европскиот парламент