Понеделник, 11 јануари 2016 година
Jавна расправа на тема: ,,Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита,,
Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија на 8 јануари 2015 година одржа јавна расправа на тема: ,,Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита,,.
На Јавната расправа беа поканети и активно учество зедоа претставници од Министерството за здравство, Лекарската комора на Македонија, Самостојниот синдикат при Клинички центри и други здравствени установи, Здружението на офталмолози, Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки, Лекари специјалисти и идни специјализанти при Медицински факултет-Скопје, Здружение на педијатри и други организации кои ја третираат оваа проблематика.
Од изнесените дискусии беа дадени следните заклучоци:
Јасно дефинирање на дејноста на оптометристите со определување на стручен надзор во нивната дејност.
- Во вршењето на оптометриската дејност да се изземат деца до 14-годишна возраст.
- Допрецизирање на дејноста на специјализираните продавници за медицински средства.
- Да се исклучи можноста странски државјанин да биде директор на јавна здравствена установа.
- Кофинансирање на сите приватни специјализанти со цел да останат во јавното здравство.
- Договорот за лојалност на завршени специјализанти и субспецијализанти да биде 1:1 во однос на временскиот рок за одработување и 1:2 во однос на износот на средствата кои треба да ги вратат доколку предвреме го раскинат договорот.
- Вклучување на стоматолошки сестри и техничари во група на средно медицински персонал кои можат да се вратат од приватно во јавно здравство и
- Млади доктори и стоматолози да можат да отворат приватна здравствена установа без медицинска или стоматолошка сестра до 24 месеци од основањето или до запишување на 700 пациенти.