Четврток, 6 ноември 2014 година, Часта Папирничка, Словачката Република
Разменети искуства и практики во однос на работата на службата на законодавно-правните и уставните комисии

Во организација на Националниот демократски институт за меѓународни односи (НДИ) и Националниот совет на Словачката Република, од 5 до 7 ноември 2014 година, во Часта-Папирничка, Словачката Република, се одржува работилница на тема: „Улогата на законодавните служби во работата на Собранието".
На работилницата учествуваат пратениците г-ѓа Светлана Јакимовска, претседател на Законодавно-правната комисија и г. Рамиз Мерко, член на Законодавно-правната комисија.
Денеска на работилницата „Улогата на законодавните служби во работата на Собранието", претседателитe и членовитe на законодавно-правните и уставните комисии, потоа претставницитe од службите на комисиите, како и парламентарнитe правни експерти од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија ги слушнаа искуствата и практиките на Република Чешка, Словачка и Полска во функционирањето на законодавните услуги и обезбедувањето на правна помош.
Учесниците дискутираа и разменија искуства во однос на тоа дали секој учесник во својот парламент има законодавно-правен сектор, кои се неговите надлежности, колкав е бројот на стручните служби и кои се нивните надлежности.
Исто така, беа разменети искуства и практики во однос на работата на службата на законодавно-правните и уставните комисии, нивните надлежности, нивната улога во подобрувањето на текстот на предлог-законите, како и разгледување на предлог-законите од аспект на нивната усогласеност со Уставот.
Покрај ова учесниците дискутираа и во однос на изготвување на правни мислења од страна на стручните служби, формата во која се подготвуваат, како и за начинот на нивното презентирање.