
Среда, 2 септември 2015 година
Посета на г. Арлем Дезир, државен секретар за европски прашања при Министерството за надворешни работи и Меѓународен Развој на Република Франција
Во рамките на посетата на Република Македонија, од страна на француската Делегација, составена од г. Арлем Дезир, државен секретар за европски прашања при Министерството за надворешни работи и Меѓународен Развој на Република Франција, и пратеникот и претседател на парламентарната група за пријателство со Франција, г. Филип Дурон, во придружба на француската амбасадорка во Република Македонија, г-ѓата Лоренс Оер денес во Собранието на Република Македонија, беше одржана заедничка средба на делегацијата со членовите на Комисијата за европски прашања и на Комисијата за надворешна политика.