
Сабота, 13 ноември 2021
ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ
По повод 13 Ноември - Денот на ослободување на Градот Скопје, собраниска делегација во состав Марија Георгиевска, Жаклина Пешевска и Даниела Марковска, положи венци свежо цвеќе, и тоа:
- 11:00 часот - Градски гробишта „Бутел“, на Партизанските гробишта;
- 11:30 часот - Алејата на великаните, Градски гробишта „ Бутел“, на гробот на генералот Михајло Апостолски;
- 12:30 часот - Пред Владата на Република Северна Македонија, Споменик на ослободителите на Скопје.




