
Четврток, 19 август 2021
ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЦИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ по повод Денот на Армијата
По повод одбележувањето на Денот на Армијата на Република Северна Македонија, 18 Август, делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Илија Николовски и Бети Стаменкоска-Трајкоска, на градските гробишта Бутел положи четири венци свежо цвеќе на:

- Партизанските гробишта;
- Пред вечниот дом на претседателот Борис Трајковски;
- Пред вечниот дом на генерал Михаило Апостолски;
- Пред вечниот дом на претседателот Киро Глигоров

