
Петок, 24 септември 2021
Македонско-германски форум: Панел-дискусија „30 години независност – Улогата на Собранието во демократијата“
Заменик-претседателката на Комисијата за европски прашања, Арта Билали-Зендели, во рамките на Македонско-германскиот форум, учествуваше на Панел-дискусија на тема „30 години независност – Улогата на Собранието во демократијата“, која се одржа денеска во Скопје, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за општествени истражувања – МК91.