Собранието на Република Северна Македонија, врз основа на Законот за волонтерството („Службен весник на Република Македонија“ број 85/2007,161/2008,147/2015 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 124/2019 и 103/2021) и Програмата за волонтерска работа во Собранието на Република Северна Македонија во Посебната организациона единица – Парламентарен институт за 2023 година бр.01-2088/1 од 3.4.2023 година, објавува:


ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ВОЛОНТЕРИ ВО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ПОСЕБНАТА ОРГАНИЗАЦИОНА ЕДИНИЦА - ПАРЛАМЕНТАРЕН ИНСТИТУТ


Се повикуваат сите заинтересирани кандидати да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Собранието на Република Северна Македонија, и тоа:

1. Шест (6) волонтери во Посебната организациона единица – Парламентарен институт на Собранието на Република Северна Македонија.

2. Услови/квалификации за кандидатите:

     - да се државјани на Република Северна Македонија;

     - да имаат дипломирано на студии од областа на општествените или хуманистичките науки;

     - да поседуваат добри вештини за писмено изразување и усна комуникација на македонски и англиски јазик.

3. Периодот на траење на волонтерската работа ќе изнесува шест (6) месеци. Работното време на волонтерите ќе биде 20 часа неделно (половина од редовното работно време). Волонтерите имаат право на надоместок на трошоци за храна и трошоци за превоз до и од местото на волонтирањето најмногу во висина до 15% од просечната месечна плата во Републиката исплатена за претходната година, и надоместок на трошоци за службени патувања и трошоци за обука во иста висина како и за вработените во Собранието.

4. Сите заинтересирани кандидати кои сакаат да аплицираат за волонтирање потребно е да приложат уредна документација која треба да содржи:

     - копија од државјанство;

     - кратка биографија (CV);

     - мотивационо писмо во кое ќе се наведат причините и мотивите за волонтирање (најмногу до една страна А4 формат);

     - копија од уверение/диплома за завршено високо образование.

5. Потребните документи се доставуваат во електронска форма, на електронската адреса parl.inst@sobranie.mk, или во писмена форма, во писарницата на Собранието на Република Северна Македонија или по пошта на следнава адреса: Собрание на Република Северна Македонија, булевар „11 Октомври" број 10, 1000 Скопје (со назнака: за јавен повик за ангажирање на волонтери).

6. Рокот за доставување на документите е десет (10 дена) од денот на објавувањето на повикот. Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат. Сите кандидати кои во рокот поднеле уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Собранието на Република Северна Македонија. При ангажирањето на волонтерите ќе се води сметка за примената на начелото на правична и соодветна застапеност.

7. По завршување на волонтирањето, Собранието на Република Северна Македонија не презема обврска за вработување на волонтерите.

Click