23-24 март 2017
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ПАРЛАМЕНТОТ НА ВЕНЕЦУЕЛА ВО СТУДИСКА ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН ИНСТИТУТ
Во периодот од 23-24 март во просториите на Едукативниот центар на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија во посета беше делегација од Националниот Парламент на Венецуела составена од тројца пратеници и претставници од истражувачките сектори.
Предмет на посетата беше презентација на искуства на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија од областа на истражувањата, едукацијата и комуникацијата и библиотеката и законодавната архива.


Како дел од посетата делегацијата имаше и обиколка на зградата и работните простории на Собранието на Република Македонија.