Активности на Парламентарен институт

ВТОРА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „ЕФЕКТИТЕ НА МИГРАНТСКАТА КРИЗА ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“

Собранието на Република Македонија беше домаќин на Втората регионална конференција организирана од Парламентарниот институт, на која учествуваа претставници од парламентарните служби за истражување и информирање од Албанија, Косово, Црна Гора, Словенија и Македонија. Исто така, учество на конференцијата земаа претставници од владини и невладини организации, како СДЦ, НДИ, ИОМ и ОБСЕ.

На конференцијата, која се одржа на 8 јули 2016 во Едукативниот центар на Парламентарниот институт, беше промовирана заедничка студија на тема: „Ефектите на мигрантската криза во земјите од Југоисточна Европа“. Темата на заедничкиот истражувачки документ претставува реален предизвик за секоја современа парламентарна служба за истражување, поради нејзината релевантност и поради главната мисија на парламентарните истражувачки служби - да обезбедат објективни, релевантни и навремени информации на носителите на одлуки во законодавните тела.

На конференцијата, исто така, беа дискутирани можностите за зајакнување на соработката помеѓу истражувачките парламентарни служби во регионот. Овие активности имаа за цел да го потенцираат регионалното вмрежување на парламентарните служби за истражување и информирање како опција за натамошен развој и соработка на парламентите од земјите на Југоисточна Европа.

Click