
Вторник, 21 декември 2021
ЧЕТВРТА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ
Националниот совет за евроинтеграции денеска ја одржа Четвртата седница со точка на дневен ред - Заклучоците на Советот за општи работи на Европската Унија за проширувањето и Процесот на стабилизација и асоцијација, одржан на 14 декември 2021 година.
На седницата на Националниот совет за евроинтеграции присуствуваше Н.Е. Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија, како и Никола Димитров, заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања.
Во дебатата на седницата на Националниот совет за евроинтеграции учествуваа: Александар Николоски, претседател на Советот; Соња Мираковска, потпретседателка на Советот; Никола Димитров, заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања; Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија; пратениците и членови на Советот: Антонијо Милошоски, Арбер Адеми, Љупчо Пренџов, Фиснике Бектеши-Шаќири и Гордана Силјановска-Давкова и пратеничките Жаклина Пешевска и Бисера Костадиновска-Стојчевска.
На седницата учесниците дебатираа за процесот на проширување на ЕУ, перспективите за Западен Балкан, за процесот на европската интеграција на државата, добрососедските односи во Регионот, билатералните спорови и можни решенија за надминување на истите, за потребата за национално единство и недвосмислена поддршка на институциите во процесот на интеграцијата.
Во дебатата на седницата на Советот се расправаше за актуелните реформи во државата, соработката меѓу опозицијата и позицијата, се отворија прашања во врска со иницијативата „Отворен Балкан“, родовото сензитивно буџетирање и др. Се изрази надеж и очекување дека државата конечно ќе ги започне пристапните преговорите за членство во Европската Унија.
На седницата присуствуваа и претставници од Стoпанската комора на Северозападна Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати, Сојузот на синдикати на Македонија и Македонската православна црква - ОА.
»»» Стенографски белешки
»»» Записник