Средби Собрание

16-17 јули 2019 година

Дводневен Парламентарен форум за лидерство во САД

На покана на Демократското партнерство на Претставничкиот дом на САД (ХДП) претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери ќе престојува во работна посета во Вашингтон – САД, заедно со другите поканети, односно потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Фросина Ташевска-Ременски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Дводневниот Парламентарен форум за лидерство кој ќе се одржи во Вашингтон на 16 и 17 јули е фокусиран на демократското обновување за борба против заедничките закани за демократијата. Исто така, во рамките на форумот, претседателот Џафери и пратениците ќе остварат и билатерални средби со колегите од Конгресот и Владата на САД. 

Програмата на ХДП е организирана од Националниот демократски институт (НДИ), со поддршка од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и во партнерство со Меѓународниот републикански институт (ИРИ). 

На оваа програма од високо ниво, покрај Собранието на Република Северна Македонија, поканети се да учествуваат и дваесет партнерски парламенти на ХДП. 

Click