Средби Собрание

Среда, 6 февруари 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери на свеченото затворање на хуманитарната кампања „Macedonia You are a Sunflower"

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, на 6 февруари 2019 година, ќе има обраќање на свеченото затворање на хуманитарната кампања „Macedonia You are a Sunflower" (https://youareasunflower.org/?lang=en) кое ќе започне во 11 часот и ќе се одвива во Дворот пред Универзитетска клиника за детски болести. 

На свеченоста ќе присуствуваат и пратениците од законодавниот дом кои се вклучија во оваа кампања за помош на децата во Република Македонија, а ќе се обратат и министерот за здравство, директорот на клиниката и градоначалникот на општина Чаир. 

Добредојдени се медиумите да го проследат овој настан.

Click