Средби Собрание

Среда, 20 ноември 2019 година

Претседателот Џафери и Собранието на Република Северна Македонија во чест на децата и со децата на Светскиот ден на децата

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на 20 ноември 2019 година, во 10:00 часот, ќе присуствува на настанот на кој ќе учествуваат деца од градинка и ученици од повеќе основни и средни училишта, организиран од Народниот правобранител на Република Северна Македонија во Домот на Армијата, во знак на одбележување на Светскиот ден на децата, додека подоцна, во 12:00 часот, децата ќе маршираат до свечениот влез пред Собрание на Република Северна Македонија, каде ќе бидат пречекани од претседателот Џафери на кого ќе му ја прочитаат и предадат Пораката за правата на децата.

Click