Средби Собрание

Вторник, 12 февруари 2019 година

Претседателот Џафери ќе се обрати пред пратениците на Државниот збор

Денеска, Државниот збор на Република Словенија, ќе има вонредна пленарна седница закажана за во 10:00 часот на која во 10:55 ќе се гласа за ратификацијата на Протоколот за членство на Република Македонија во НАТО, со што ќе биде првиот национален парламент на земја членка на НАТО што по Република Грција ќе го отвори патот за следните национални парламенти. 

Непосредно пред гласањето, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери ќе се обрати пред пратениците на Државниот збор.

Директен пренос ќе има на Собраниски канал од 10:30 часот.

Click