Средби Собрание

17-20 јуни 2019 година

Претседателот Џафери во официјална посета на Народна Република Кина

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери од 17 до 20 јуни е на официјална посета во Народна Република Кина, по покана на претседателот на Кинеската народна политичка консултативна конференција, г. Ванг Јанг.

Претседателот Џафери е во придружба на Горан Мисовски, потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, претседателката на Пратеничката група за соработка со Народна Република Кина, Владанка Авировиќ и со генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова.

Според агендата, предвидено е претседателот Џафери и делегацијата да остварат средби со домаќинот, претседателот на Кинеската Народна политичка консултативна конференција, г. Ванг Јанг, со неговиот заменик, г. Џанг Чингли, потоа со претседателот на Секинеското Народно Собрание, г. Ли Џангшу, како и со претставници од извршната власт, и претставници на локалната власт во Шангај.

Click