Средби Собрание

10 -12 февруари 2019 година

Претседателот Џафери во официјална посета на Република Словенија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, од 10 до 12 февруари 2019 година ќе биде во официјална посета на Република Словенија.

Во состав на Делегацијата предводена од претседателот на Собранието ќе бидат и членовите на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Словенија, г-ѓа Фросина Ташевска - Ременски, потпретседател на Собранието на Република Македонија и член на Групата за соработка, г-ѓа Нада Ципушева, претседател на Групата за соработка со Парламентот на Република Словенија и г-ѓа Шпреса Хадри, исто така член на Групата за соработка.

Во рамките на официјалната посета, претседателот на Собранието на Република Македонија ќе се сретне со претседателот на Државниот Збор на Република Словенија, г. Дејан Жидан, со претседателот на Република Словенија и претседателот на Владата на Република Словенија.

Покрај тоа, ќе се сретне со членовите на Комитетот за надворешна политика, Комитетот за ЕУ работи, Комитетот за одбрана, Групата на пријателство со Република Македонија и со министерот за надворешни работи на Република Словенија.

Во Програмата за посета е предвидено и обраќање пред пратениците на Државниот Збор и средба со координаторите на пратеничките групи.

 

Click