Средби Собрание

Вторник, 4 јуни 2019 година

Претседателот Џафери во официјална посета на Швајцарската Конфедерација

На покана на г-ѓа Марина Каробио Гускети, претседателка на Сојузниот Парламент на Швајцарската Конфедерација, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери на 4 и 6 јуни 2019 ќе престојува во официјална посета на Швајцарската Конфедерација во Берн.

Во состав на официјалната делегација се пратениците, Џеват Адеми, претседател на Групата за соработка со Парламентот на Швајцарската Конфедерација, како и членовите на Групата, Мира Стојчевска и Павлинче Честојнова.

Во рамките на Програмата за посетата, предвидени се средби со домаќинот, г-ѓа Марина Каробио Гускети, со г-ѓа Николета Мариолини – сојузен пратеник надлежен за плурилингвизам, со претседателот на Државниот совет, г.Жан Рене Фурниер, како и со г-ѓа Кристина Марти Ланг – Државен секретар на Министерство за Надворешни работи на Швајцарската конфедерација.     

Во рамките на програмата, ќе има презентација и дискусија за проектите на Дирекцијата за развој и соработка со Република Северна Македонија и со парламентарните служби.

Click