Средби Собрание

12-14 март 2019 година

Претседателот Џафери во работна посета на Романија и Литванија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, од 12.03 до 14.03.2019 година ќе престојува на работна посета во Романија и Литванија, во придружба на претседателот на Пратеничката група за соработка со Романија, г. Панчо Минов. Целта на овие патувања е присуство на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Сенатот на Романија, што е најавено за 13-ти март 2019 година со почеток во 11 часот и во Сејмот на Литванија, најавено за 14-ти март 2019 година со почеток во 13 часот. Претседателот Џафери ќе има кратко обраќања пред пратениците во Сенатот на Романија и пред пратениците во Сејмот на Литванија. Од Сејмот ќе биде овозможен директен пренос на Собранискиот канал. Во рамките на овие работни посети претседателот Џафери ќе има и билатерални средби со домаќините и со други државни претставници од Романија и Литванија. 

Click