Средби Собрание

Среда, 20 февруари 2019 година

Работна посета на претседателот Џафери на Република Бугарија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, во рамките на дводневната работна посета на Република Бугарија, денеска ќе присуствува на чинот на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Народното собрание на Република Бугарија. 

По ратификацијата, ПСРСМ Талат Џафери ќе има кратка средба со ПНСРБ Цвета Карајанчева со која ќе дадат заеднички изјави за медиуми. 

Во рамките на посетата, предвидена е и средба со ЗПРБ и МНР, Екатерина Захариева.

Click