Средби Собрание

28 февруари-1 март 2019 година

Работна посета на претседателот Џафери во Црна Гора

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери денеска и утре ќе престојува на работна посета во Црна Гора, каде што ќе присуствува на чинот на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Собранието на Црна Гора што е најавено за 1 март 2019 година. 

Во рамките на посетата ќе има и билатерална средба со неговиот домаќин, претседателот на Собранието на Црна Гора, г. Иван Брајовиќ.

Click