Средби Собрание

Сабота, 11 мај 2019 година, Сала „Борис Трајковски“

Седница на Генералната комисија за правда, внатрешни работи и безбедносна соработка на ПС на ПСЈИЕ

Во рамките на редовната работа на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), Генералната комисија за правда, внатрешни работи и безбедносна соработка, чиј претседател е Џеват Адеми, ќе одржи седница, со главна тема „Борбата против дезинформациите во Југоисточна Европа“. 

НАЦРТ-ПРОГРАМА: 

  • 09:15 - 09:30 -  Регистрација на учесниците 
  • 09:30 - 10:00 - Отворање на седницата 

- Воведно обраќање на Горан Мисовски,  потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија;

- Обраќање на Роберт Поповски, министер без резор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност 

  • 10:30 - 12:30 - Работна сесија (1): презентации и дебата на тема: „Борба против дезинформациите во Југоисточна Европа“ 

- Презентација на Џевад Адеми, известител;

- Презентација на Зоран Попов, претставник на Советот за регионална соработка;• Дебата  

  • 14:30 - 16:00 - Работна сесија (2): Продолжување на дебатата и усвојување на Предлог-извештајот и Предлог-резолуцијата 
  • 16:30 - Културна програма   
Click