Средби Собрание

6-10 април 2019 година

Собраниска делегација на 140. Собрание на ИПУ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери ќе учествува на 140. Собрание на Интерпарламентарната унија што ќе се одржи на 6-10 април 2019 година во Доха, Катар. Покрај претседателот Џафери, во работата на Собранието на ИПУ ќе учествуваат и пратениците, членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ИПУ, Ејуп Алими, Јулијана Николова, Димитар Стевананџија, Африм Гаши и Диме Велковски како и Генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова. Претседателот Џафери ќе има свое обраќање на генералната дебата на тема „Парламентите како платформи за зголемување на едукацијата за мир, безбедност и владеење на правото.“ Во рамките на настанот, претседателот Џафери ќе оствари и билатерални средби со г. Иракли Кобахиѕе, претседател на Парламентот на Грузија, г. Анџело Фаруџа, претседател на Претставничкиот дом на Република Малта, г. Зигфрид Браке, претседател на Претставничкиот дом на Федералниот парламент на Белгија и г. Нурлан Нигматулин, претседател на Мажилисот на Република Казахстан.  

Click