Средби Собрание

18 -19 март 2019 година

Учество на претседателот Џафери на 16. Конференција на Јадранско-јонската иницијатива

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери ќе учествува на 16. Конференција на претседатели на Парламенти на Јадранско-јонската иницијатива, која на 18 и 19 март 2019 година ќе се одржи во Будва, Црна Гора. 

Во рамките на конференцијата, претседателот Џафери ќе се обрати на темата „Парламентарните тела како значаен ресурс за јакнење на соработката во приоритетните области за државите членки на Јадранско - јонската иницијатива", а предвидено е да оствари и билатерални средби со своите колеги од регионот.

Click