Средби Собрание

Четврток, 24 октомври 2019 година

Учество на претседателот Џафери на Европската конференција на Совет на Европа во Стразбур

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, на 24 октомври 2019 година ќе учествува на Европската конференција на претседатели на парламенти на Парламентарното собрание на Совет на Европа во Стразбур, Франција. На конференцијата ќе учествуваат претседатели на парламенти на 47 земји членки на Советот на Европа, како и претседатели на меѓународните собранија.

Покрај учеството на конференцијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, во текот на престојот во Стразбур, претседателот Џафери ќе оствари средби со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, со претседателот на Комисијата за надворешни работи на ЕП, Дејвид Мекалистер и со други европратеници. 

Click