Средби Собрание

8 – 9 април 2019 година

Учество на претседателот Џафери на Конференција на претседатели на Парламенти на ЕУ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери ќе учествува на Конференцијата на претседатели на Парламенти на Европската унија што ќе се одржи од 08 - 09 април 2019 година во Виена, Австрија. Претседателот Џафери ќе има свое обраќање на 1-та Сесија на тема „Европската унија и нејзините соседи“, а во рамките на настанот, ќе оствари и билатерални средби со Потпретседателот на Националното собрание на Република Франција, г-ѓа Карол Биро-Бонар и со претседателот на Комисијата за европски прашања на Сенатот на Република Франција, г. Жан Бизе и средба со претседателот на Националниот Совет на Словачка Република, г. Андреј Данко.

Click