Средби Собрание

20 - 22 март 2019 година

Учество на претседателот Џафери на студиска посета организирана од Вестминстер Фондацијата за Демократија во Единбург, Шкотска

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, претседателката на  Комисијата за финансирање и буџет, г-ѓа Лилјана Кузмановска  и Генералниот секретар на Собранието, г-ѓа Цветанка Иванова, од 20 до 22 март се на студиска посета во Единбург, Шкотска. Студиската посета е организирана од Вестминстер фондацијата за демократија и е во рамките на потпишаниот Меморандум за соработка за воспоставување на буџетска парламентарна канцеларија во Собранието на Република Северна Македонија

Click