Средби Собрание

Вторник, 19 февруари 2019 година

Работна посета на претседателот Џафери на Република Бугарија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, денеска и утре ќе оствари работна посета на Република Бугарија, каде што ќе присуствува на чинот на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Народното собрание на Република Бугарија, што е најавен за 20 февруари 2019 година. 

По ратификацијата, ПСРСМ Талат Џафери ќе има кратка средба со ПНСРБ Цвета Карајанчева со која ќе дадат заеднички изјави за медиуми. 

Во рамките на посетата предвидена е и средба со ЗПРБ и МНР Екатерина Захариева.

Click