Пленарни седници



12 ноември 1997 година

Седумдесет и деветта седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој за реализација по Проектот Рехабилитација и преструктуирање на наводнувањето;

2. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија кај Меѓународното здружение за развој по Договорот за кредит по Проектот Рехабилитација и преструктуирање на наводнувањето;

3. Предлог за донесување на закон за задолжување на Република Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој за реализација на вториот дел од Проектот за развој на приватниот сектор, со Предлог на закон;

4. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Македонската Влада и Владата на Кралството Данска за меѓународен патен превоз на патници и стока, со Предлог на закон;

5. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Македонската Влада и Италијанската Влада за реципрочно признавање на конверзијата на возачките дозволи, со Предлог на закон;

6. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави за консолидација и репрограмирање на одредени долгови, со Предлог на закон;

7. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување на закон за заштита на топографија на интегрални кола;

9. Предлог за донесување на закон за заштита и предучилишно воспитание на децата;

10. Предлог за донесување на закон за државен печат на Република Македонија;

11. Предлог за донесување на закон за печат и жигови со грбот на Република Македонија;

12. Барање за давање на автентично толкување на членот 19 став 1, точка 1 од Законот за данок на промет на производи и услуги (Службен весник на Република Македонија" број 34/92, 62/92, 63/92, 3/93, 4/93, 80/93, 42/94, 4/96,  71/96,  10/97 и 28/97),  поднесено од Македонската берза на долгорочни хартии од вредност АД Скопје;

13. Предлог за избор на судии во основните судови;

14. Предлог за разрешување на судија на Основниот суд - Гевгелија;

15. Предлог на одлука за огласување избор на судии на основните судови;

16. Предлог на одлука за именување заменици на секретарот на Собранието на Република Македонија;

17. Предлог на одлука за  именување  и  разрешување  републички
советници на Собранието на Република Македонија;

18. Предлог на одлука за основање пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Секинеското Народно Собрание;

19. Предлог на Одлука за изменување на Одлуката за именување претседатели, секретари, членови и нивни заменици на изборните комисии на изборните единици за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија;

20. Предлог на одлука за разрешување и именување претставник на Републиката во Советот на Работната организација за производство на филмови "Вардар-филм" - Скопје;

21. Предлог на одлука за давање согласност на Одлуката за именување директор на Работната организација Национални паркови и ловишта - Скопје;

22. Предлог на одлука за именување претставници на Републиката во Работничкиот совет на Народниот театар во Битола;

23. Предлог на одлука за именување членови на конкурсната комисија за утврдување предлог за именување работоводен орган на Народниот театар во Битола.

24. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за основање на Анкетна комисија за согледување на евентуалните пречекорувања на овластувањата при интервенцијата на полицијата во Гостивар на 9 јули 1997 година.


стенографски белешки  79 седница 12.11.1997

Click