4 февруари 1998 година
Осумдесет и петта седница на Собранието на Република Македонија
Дневен ред:
1. Предлог на декларација за развојот на односите на Република Македонија со Европската унија;
2. Предлог на закон за Македонски железници;
3. Предлог за донесување на закон за изменување на Законот за избирачкиот список и за избирачката легитимација, со предлог на закон;
4. Предлог на одлука за зачленување на Република Македонија во EUROCONTROL, Европска организација за безбедност на воздухопловната навигација;
5. Предлог за донесување на закон за ратификација на Протоколот кој се однесува на амандманот на Конвенцијата за мегународно цивилно воздухопловство (член 83, biѕ) , со Предлог на закон;
6. Предлог за донесување на закон за ратификација на Протоколот кој се однесува на амандманот на членот 56 од Конвенцијата за меѓународно цивилно воздухопловство, со Предлог на закон;
7. Предлог за донесување на закон за ратификација на Протоколот кој се однесува на амандманот на Конвенцијата за меѓународно цивилно воздухопловство (член 3, biѕ), со Предлог на закон;
8. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спо-годбата меѓу Македонската влада и Албанската влада за одржување, об-новување и одбележување на граничната линија и граничните ознаки на македонско-албанската државна граница, со Предлог на закон;
9. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Македонската влада и Албанската влада за мерките за спречување и решавање на инцидентите на македонско-албанската државна граница, со Предлог на закон;
10. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Македонската влада и Албанската влада за укинување на визите за дипломатски и службени патни исправи и висината на таксите за издавање на други видови визи, со Предлог на закон;
11. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Словачката Република за укинување на визи за носители на дипломатски и службени пасоши, со Предлог на закон;
12. Предлог за донесување на закон за ратификација на Меморандумот за разбирање меѓу Република Македонија и Република Турција за трговија со текстнлни производи, со Предлог на закон;
13. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Македонската влада и Владата на Сојузна Република Германија за соработка во областа на културата, со Предлог на закон;
14. Предлог за избор на судија поротник во Основниот суд во Кичево;
15. Предлог за разрешување на судија поротник во Основниот суд во Крива Паланка;
16. Предлог за автентично толкување на член 43 од Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал;
17. Барање за давање на автентично толкување на членот 5 од Законот за локални избори, поднесено од Советот на општина Кисела Вода;
18. Барање за давање на автентично толкување на членот 39, 40 точка 1 и 41 став 1 од Законот за јавни претпријатија и членовите 43 точка 1 и 57 став 1 од Законот за локалната самоуправа, поднесено од Советот на општина Прилеп;
19. Барање за давање на автентично толкување на членот 15 став 1 од Законот за тутун, поднесено од АД „Струмица Табак“ - Струмица;
20. Предлог на одлука за именување на претседател и членови на Советот за статистика на Република Македонија;
21. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Здравствен дом „Скопје“ - Скопје;
22. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Републички завод за здравствена заштита - Скопје;
23. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Здравствен дом „Кратово“ - Кратово;
24. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Здравствен дом - Македонски Брод;
25. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Здравствен дом - Ресен;
26. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Медицински центар - Битола;
27. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Здравствен дом - Радовиш;
28. Предлог на одлука за разрешување и именување претставници на Републиката во Собирот на работниците на Републичкиот завод за унапредување на домаќинството;
29. Предлог на одлука за огласување избор на судија во Основниот суд Скопје I - Скопје.
стенографски белешки 85 седница 4.2.1998
стенографски белешки 85 седница 1 продолжение 11.2.1998