28 април 1998 година
Осумдесет и деветта седница на Собранието на Република Македонија
Дневен ред:
1. Предлог за верификација на мандат на пратеник во Собранието на Република Македонија;
2. Предлог на закон за лековите, помошните лековити средства и медицински помагала;
3. Предлог за донесување закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со Предлог на закон;
4. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, со Предлог на закон;
5. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва, со Предлог на закон;
6. Предлог на закон за залог на подвижни предмети и права;
7. Предлог за донесување на закон за водење на регистри во Република Македонија;
8. Предлог на царински закон;
9. Предлог на закон за домување;
10. Предлог на закон за празниците на Република Македонија;
11. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Црвениот крст на Република Македонија;
12. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот помеѓу Република Македонија и Кралството Шведска за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал, со Предлог на закон;
13. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Кралството Данска за взаемна соработка во царинските работи, со Предлог на закон;
14. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Украина за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците од доход и на капитал, со Предлог на закон;
15. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Украина за поттикнување и заемна заштита на инвестиции, со Предлог на закон,
16. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за соработка и взаемна помош во царинските работи, со Предлог на закон;
17. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Македонската влада и Француската влада во врска со меѓународниот патен превоз на стоки, со Предлог на закон;
18. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за културна, образовна научна и техничка соработка меѓу Македонската влада и Француската влада, со Предлог на закон;
19. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за враќање на лица чие влегување и/или престој е во спротивност со важечките прописи, со Предлог на закон;
20. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за соработка во областа на културата, образованието и науката помеѓу Македонската влада и Владата на Италијанската Република, со Предлог на закон;
21. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Македонската влада и Владата на Република Полска за соработка во областа на културата и образованието, со Предлог на закон;
22. Предлог за донесување на закон за ратификација на Конвенцијата за обележување на пластични експлозиви со цел за нивно откривање, со Предлог на закон;
23. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за гаранција на Република Македонија за депонираните девизни влогови на граѓаните и за обезбедување на средства и начин за исплата на депонираните девизни влогови на граѓаните, со Предлог на закон;
24. Предлог за донесување на закон за жичари и ски лифтови;
25. Предлог на декларација за еднаквост меѓу половите;
26. Предлог на одлука за избор на претседател и членови на Одборот за меморијалниот простор во зградата на Собранието на Република Македонија;
27. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Завод за здравствена заштита - Битола;
28. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Медицински центар -Кочани;
29. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Завод за здравствена
заштита - Велес;
30. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Здравствен дом - Неготино;
31. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Психијатриска болница "Скопје" - Скопје;
32. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Стоматолошки клинички центар - Скопје;
33. Предлог на одлука за именување претставници на Републиката во Советот на фестивалот "Охридско Лето" - Охрид;
34. Предлог на одлука за разрешување и именување претседател и членови на Одборот за доделуваше на наградата "Климент Охридски"; и
35. Предлог на одлука за именуваше членови на Посебната комисија за зготвување на предлог за именуваше декан на Стоматолошки факултет - Скопје.
стенографски белешки 89 седница 28.4.1998
стенографски белешки 89 седница 1 продолжение 29.4.1998