Пленарни седници



20 мај 1998 година

Деведесет и прва седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред :

1. Предлог за донесување на закон за основање на Македонска банка за поддршка на развојот, со Предлог на закон;

2. Предлог за донесување на закон за инвестициони фондови;

3. Предлог на закон за заштита и предучилишно воспитание на децата;

4. Предлог на закон за земјоделско земјиште;

5. Предлог на закон за заштита на растенијата;

6. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на нотарските работи, со Предлог на закон;

7. Предлог за донесување на закон за ратификација на амандманите кон Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја оштетуваат озонската обвивка од 16 септември 1987 година, донесени во Лондон 1990 година и во Копенхаген 1992 година, со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување на закон за отпад;

9. Предлог за донесување на закон за одржување на јавната чистота и собирање, транспортирање   и   депонирање    на   комуналниот  цврст и технолошки отпад;

10. Предлог за донесување на закон за минерални суровини;

11. Барање за давање на автентично толкување на членот 9 од Законот за трговија, поднесено од Приватното трговско претпријатие " Астар - Комерц" - Неготино;

12. Предлог за избор на судија на Врховниот суд на Република Македонија;

13. Предлог за разрешување на јавен обвинител на Основното јавно обвинителство во Куманово;

14. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Здравствен дом - Вевчани:

15. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Природно лекувалиште " Бања Банско" -Струмица;

16. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на членови на управниот одбор на Јавната здравствена организација Здравствен дом - Пехчево.


стенографски белешки  91 седница 20.5.1998

стенографски белешки  91 седница 1 продолжение 21.5.1998

стенографски белешки  91 седница 2 продолжение 27.5.1998

стенографски белешки  91 седница 3 продолжение 3.6.1998

Click