Пленарни седници



1 јули 1998 година

Деведесет и шеста седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Интерпелација за работата на членот на Владата на Република Македонија и министер за труд и социјална политика Насер Зибери;

2. Предлог за донесување на закон за задолжување на Република Македонија кај Европската инвестициона банка по договор за кредит, со Предлог на закон;

3. Предлог за донесување на закон за откуп на побарувањата на правните лица од Република Македонија од Ирак и Кувајт, од страна на Република Македонија, со Предлог на закон;

4. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за сметководството, со Предлог на закон;

5. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за зголемување на вработувањето, со Предлог на закон;

6. Предлог за донесување на закон за Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистичката војна на Македонија, со Предлог на закон;

7. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за трговија со текстилни производи меѓу Република Македонија и Европската заедница, со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување на закон за формирање Фонд за поттикнување на развојот на стратешките земјоделски култури
и производи, со Предлог на закон;

9. Предлог на програма за одбележување годишнини на значајни настани и истакнати личности во 1998 година;

10. Предлог за избор на претседател на Основниот суд во Прилеп;

11. Предлог за избор на судии на основните судови Скопје II - Скопје, Гевгелија и Прилеп;

12. Предлог на одлука за огласување именување на заменик на Основниот јавен обвинител во Основното јавно обвинителство во Куманово;

13. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател и членови на Одборот за Меморијалниот простор во зградата на Собранието на Република Македонија;

14. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Општинска аптека - Кочани;

15. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Медицински центар „Академик проф.д-р Димитар Арсов“ - Крива Паланка;

16. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Медицински центар - Охрид;

17. Предлог на одлука за избор на чпенови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Завод за физикална медицина и рехабилитација - Скопје;

18. Предлог на одлука за именување на членови на посебната комисија за изготвување предлог за именување на директор на ООЗТ Институти РО Медицински факултет - Скопје;

19. Предлог на одлука за избор на претседател и членови на Советот за научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“;

20. Предлог на одлука за огласување избор на судија на основниот суд Скопје II - Скопје;

21. Барање за давање на автентично толкување на член 17 од Законот за радиодифузна дејност, поднесен од Советот за радиодифузија;

22. Предлог на одлука за овластување на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија;

23. Предлог на одлука за огласување именување заменик на основниот јавен обвинител во Основното јавно обвинителство во Берово;

24. Предлог на одлука за огласување  именување заменици на Основните јавни обвинители во Основното јавно обвинителство во Струмица и во Основното јавно обвинителство во Штип.


стенографски белешки  96 седница 1.7.1998

стенографски белешки  96 седница 1 продолжение 2.7.1998

стенографски белешки  96 седница 2 продолжение 14.7.1998

стенографски белешки  96 седница 3 продолжение 15.7.1998

Click