Пленарни седници



16 јули 1998 година

Деведесет и седма седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Предлог на закон за изборни единици за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија;

2. Предлог на закон за отпад;

3. Предлог на закон за одржување на јавна чистота, собирање и транспортирање на комунален цврст и технолошки отпад;

4. Предлог на закон за вршење на занаетчиска дејност;

5. Предлог на закон за ученички и студентски стандард;

6. Предлог за донесување на закон за задолжување во Република Македонија кај меѓународното здружение за развој по Договорот за кредит по Проектот за структурно прилагодување на социјалниот сектор во Република Македонија и Договорот за кредит по Проектот за техничка помош за пензиската реформа, со Предлог на закон;

7. Предлог за донесување на закон за дополнување на Законот за трговски друштва, со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за Народната банка на Република Македонија, со Предлог на закон;

9. Предлог за донесување на закон за изменување и дополлување на Законот за банките и штедилниците, со Предлог на закон;

10. Предлог за донесување на закон за изменување на Законот за избирачките места, со Предлог на закон;

11. Предлог за донесување на закон за вонпарничната постапка, со Предлог на закон;

12. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за соработка во областа на науката и технологиите меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Белорусија, со Предлог на закон;

13. Предлог за донесување на закон за ратификација на ЕУРОКОНТРОЛ Меѓународна конвенција за соработка во безбедноста во воздушниот сообраќај од 13.12.1960 година, дополнителен протокол на Меѓународната конвенција на ЕУРОКОНТРОЛ за соработка во воздухопловната безбедност, ЕУРОКОНТРОЛ дополнителен протокол со протокол на потпишување на 6 јули 1970 година и протокол кој врши измени од 21 декември 1978 година, протокол дополнување на Меѓународната конвенција на ЕУРОКОНТРОЛ за соработка во безбедноста на воздушната плобидба од 13 декември 1960 година заедно со нејзините прилози и мултилатералната спогодба за надоместоци за прелети, со Предлог на закон;

14. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот за трговска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Малезија, со Предлог на закон;

15. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Малезија за поттикнување и реципрочна заштита на инвестиции, со Предлог на закон;

16. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за редовен воздушен сообраќај меѓу Македонската влада и Албанската влада, со Предлог на закон;

17. Предлог за донесување на закон за изменување на Законот за основното образование, со Предлог на закон;

18. Предлог за донесување на закон за изменување на Законот за средното образование, со Предлог на закон;

19. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за отстапување на деловни средства од страна на претпријатијата во коишто Република Македонија и Агенцијата на Република Македонија за трансформација на претпријатијата со општествен капитал имаат акции, односно удели, со Предлог на закон;

20. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за територијална поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, со Предлог на закон;

21. Предлог за донесување на закон за гаранција на Република Македонија и за исплата на средства кои се јавуваат како разлика на стечајната маса, до вкупниот влог од побарувањата на граѓаните кои имаат штедни влогови во штедилниците што отидоа под стечај до 30.09.1997 година, со Предлог на закон;

22. Предлог за донесување на закон за производство и промет на  оружје и воена опрема;

23. Предлог за донесување на закон за печати и жигови со грбот на Република Македонија;

24. Предлог за донесување на закон за државен печат на Република Македонија;

25. Предлог на програма за изменување и дополнување на Програмата за користење на средствата што ги остварува Агенцијата на Република Македонија за трансформација на претпријатијата со општествен капитал за 1998 година;

26. Предлог на одлука за правилата за рамноправно медиумско претставување за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија во 1998 година;

27. Предлози за изменување на вицегувернери на Народна банка на Република Македонија;

28. Предлог на одлука за именување претседател, членови на Државната изборна комисија, секретар и нивни заменици;

29. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Здравствен дом - Пехчево;

30. Предлог на одлука за давање согласност на Статутот на Факултетот за учители и воспитувачи во Битола;

31. Предлог на одлука за огласување избор на судија на Основниот суд во Крива Паланка.

32. Предлог на одлука за огласување именување заменик на основниот јавен обвинител во Основното јавно обвинителство во Кичево;

33. Предлог на одлука за огласување избор на судија во Основниот суд во Гостивар;

34. Предлог на одлука за давање согласност на Статутот на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија - Скопје;

35. Предлог за донесување на закон за изменување на Законот за набавување, поседување и носење на оружје, со Предлог на закон.


стенографски белешки  97 седница 16.7.1998

стенографски белешки  97 седница 1 продолжение 21.7.1998

стенографски белешки  92 седница 2 продолжение 22.7.1998

Click