Пленарни седници



16 јули 2002 година

Сто и дванаесетта седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1.Предлог за донесување на закон за служба во Армијата на Република Македонија, со Предлог на закон;

2.Предлог на закон за конверзија и замена на дел од долгот на Владата на Република Македонија кон Владата на Соединетите Американски Држави во проекти со развојни цели преку предвремена отплата и отпишување;

З.Предлог за избор на член на Републичкиот судски совет;

4.Предлог на одлука за разрешување и избор на членови на Советот за радиодифузија;

5.Предлог на одлука за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на наградата "11 Октомври";

б.Предлог на одлука за разрешување и именување заменик на секретарот на Собранието на Република Македонија;

7.Предлог за именување заменици на јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Скопје;

8.Информација за откупната политика, пласманот и цените во Република Македонија на земјоделско-градинарски производи;

9.Информација за превземените мерки и активности во одделни региони во Република Македонија (Кавадарци, Росоман и др.) за санирање на последиците од ниските температури врз лозовите и овошните насади;

10. Информација за настаните во Виница, во врска со употребата на сила од страна на претставници на специјалните единици на МВР, како и други настани во кои е употребено огнено оружје од страна на припадници на МВР;

11. Информација за состојбата со раселените лица од Липковскиот регион со посебен осврт на проблемите на граѓаните од с. Матејче, с. Опае и с. Думановце;

12.Предлог за донесување на закон за правата на прогонуваните и затворените лица за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност и на членовите на нивните семејства со Предлог на закон;

1З.Информација за проблемите со водоснабдувањето на Скудриње со посебен осврт за причините за тоа што ова село не е приклучено на регионалниот водовод Росоки-Дебар;

14.Информација за случувањата во врска со нострификацијата на "Фалсификувани дипломи";

15.Информација за тоа кои се причините за непревземање на мерки од страна на Владата на Република Македонија за спречување на движење на огромен број на моторни возила без регистерски таблички низ патиштата на Република Македонија;

16.Информација за новонастанатите проблеми околу демаркацијата на граничната линија помеѓу Република Македонија и СР Југославија;

17.Информација за загрозеноста на преку 6000 жители од село Лојане и Ваксинце од загадена вода, воздух, почва и земјоделски производи од опасни геоагенси;

18.Информација за состојбите кои владеат во одредени села од Тетовскиот регион, таканаречен Горен Дервен, односно селата Церово, Ново Село, Рогле и Мерово, како и прашањето за давање обештетување на селаните заради неможноста тие да го обработуваат своето земјиште;

19.Информација за состојбите во средното образование во училиште каде што наставата се одвива на албански јазик;

20.Информација за актуелните состојби во Македонската радио телевизија;

21.Информација за загрозување на животната средина во градот Велес како резултат на непреземени мерки за заштита од страна на некои стопански капацитети, особено топилницата;

22.Информација за текот на спроведувањето на Законот за денационализација;

23.Информација за текот на спроведувањето на Законот за регулирање на побарувањата на штедачите од Штедилниците "ТАТ" Битола, "Алфа С" и "Лавци" Охрид;

24.Извештај на Државниот завод за ревизија за работата на Фондот за здравствено осигурување за 2001 година;

25.Информација со предлог мерки за начинот за решавање на статусот на Ромите од Косово во Република Македонија.


стенографски белешки  112 седница 16.7.2002

стенографски белешки  112 седница I продолжение 17.7.2002

стенографски белешки  112 седница II продолжение 18.7.2002

Click