ЈОРГО ШУНДОВСКИ

 

 

 

 

 

Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Роден 1955 година , Македонец. Завршил Архитектонски факултет. На шестата седница на Собранието на Република Македонија беше избран за министер за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина со што му престана пратеничкиот мандат.



НАСЕР ЗИБЕРИ

 

 

 

 

 

 

Член на Партијата за демократски просперитет во Македонија роден 1961 година во село Ласкарци, Скопје, Албанец. Завршил Правен факултет. Беше пратеник и во претходниот мандат. Живее во Скопје. Поради избор во Владата на Република Македонија-министер за труд и социјална политика, му престана пратеничкиот мандат.



КИРО ПОПОВСКИ

 

 

 

 

 

 

Поранешен повеќегодишен претседател на Социјалистичката партија на Македонија. Роден 1942 година во село Вратница, Тетово, Македонец. Завршил Правен факултет. Потпретседател на Собранието на Република Македонија беше се до неговата смрт во октомври 1995 година. Функцијата потпретседател ја вршеше и во текот на целиот мандатен период од првиот повеќепартиски парламентарен состав.



РУФИ ОСМАНИ

 

 

 

 

 

 

Независен пратеник, роден 1960 година во село Чајле , Гостивар, Албанец. Завршил Економски факултет. Поради изборот за градоначалник на општина Гостивар на локалните избори 1996 година, му престана пратеничкиот мандат.



ТЕОДОСИЈА ПАУНОВ

 

 

 

 

 

 

Член на Либералната партија на Македонија (подоцна ЛДП), роден 1932 година во село Речани, Кочани, Македонец. Завршил Економски факултет. Во Собранието на Република Македонија беше пратеник и во претходниот мандатен период. Почина во 1997 година.



АРБЕН ЏАФЕРИ

 

 

 

 

 

 

Претседател на Демократската партија на Албанците во Македонија. Роден 1948 година во Тетово, Албанец. Завршил Филозофски факултет- група филозофија. Се занимавал со новинарство. Живее во Тетово.

Click