Активности



Вторник, 19 мај 2009 година

Деветнаесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Деветнаесеттата седница како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за стоковни резерви (прво читање).

Предложените измени и дополнувања на овој закон се во насока на прецизирање на одредбите кои се однесуваат на потребните критериуми за избор на складиштарите на стоковните резерви, начинот на избор на складиштари, како и дополнување на законот со одредби со кои ќе се определи надоместокот за складирање, чување и обновување на стоковните резерви, кој Агенцијата за стоковни резерви ќе го исплатува на складиштарите.

Комисијата со 8 гласа „за” и еден „воздржан” заклучи дека Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за стоковни резерви е прифатлив и може да се даде на натамошно читање.


Click