Активности



Петок, 27 ноември 2009 година

Четириесет и трета седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Четириесет и третата седница, одржана на 26 ноември 2009 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација (прво читање).

Во однос на Предлог-законот воведно образложение даде заменикот на министерот за финансии, г. Недим Рамизи. Тој истакна дека измените во Законот се однесуваат на зголемување на бројот на емисии на обврзници за денационализација од осум на десет, и тоа емисија на обврзници во 2010 година и емисија на обврзници за денационализација во 2011 година. 

Имено, како резултат на измените во Законот за денационализација, со кои се продолжи рокот за доставување на барања за денационализација до 31.12.2007 година, се зголеми и бројот на предмети за  денационализација и за да може Министерството за финансии да одговори на доставените барања, потребно е дополнително издавање на обврзници.

Во претресот учествуваа пратениците Марјанчо Николов и Миле Андонов.

Комисијата едногласно заклучи дека Предлогот на законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација е прифатлив и може да се даде на натамошно читање.

Click