Активности



Понеделник, 18 мај 2009 година 

Деветнаесетта седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Деветнаесеттата седница го разгледа Предлог законот за меѓуопштинска соработка (Прво читање) и едногласно заклучи дека е прифатлив за понатамошно читање.

Законот за меѓуопштинска  соработка е предвиден во НПАА, во Прилогот 1, во делот на политичките критериуми, каде што се дадени законските акти  што треба да се донесат до крајот на мај 2009 година, во редовна постапка. 

Со остварувањето на меѓуопштинската  соработка би се постигнале поквалитетни услуги на граѓаните и поекономично работење, посебно на помалите општини во државата.

Со членот 32 од овој закон се предвидува Владата финансиски да ја поттикнува и поддржува меѓуоштинската соработка на две или повеќе општини во различни области.

Унапредувањето на локалната самоуправа е  во рамките на развивањето на европските вредности, но и на правото утврдено  во Уставот на Република Македонија, а регулирано со Законот за локална самоуправа.

 
 

Click