Активности

Среда, 25 ноември 2009 година

Деветнаесетта седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија на Деветнаесеттата седница, одржана на 24 ноември 2009 година, како матично работно тело ја разгледа Предлог-одлуката за испраќање на единица на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција во Авганистан.           

Во расправата по Предлог-одлуката учествуваа заменик-министерот за одбрана, г.Емил Димитриев и членовите на Комисијата, г.Горан Сугаревски и г.Павле Трајанов.

Заменик-министерот за одбрана ја образложи потребата од испраќање на нова единица на Армијата на Република Македонија во мировната  мисија во Авганистан. Тој посочи на повисокиот степен на ризик на оваа мировна операција во споредба со претходните операции.

Единицата која ќе се испрати брои 79 лица, на мандат од 9 месеци, а сите трошоци ги подмируваат САД.

Со учеството на оваа единицата на АРМ, Република Македонија ја продолжува успешната соработка со САД и Коалиционите сили во Авганистан.

Пратеникот Горан Сугарески ја истакна поддршката од пратеничката група на СДСМ и политичката партија која ја претставува за испраќање на единица на Армијата во мировна операција во Авганистан. Тој исто така побара Министерството за одбрана да доставува тековни извештај за мировните мисии.

Пратеникот Павле Трајанов ја подржа оваа Предлог-одлука и истакна дека со испраќањето на единици во мировните мисии, Република Македонија допринесува во борбата против глобалниот тероризам, за стабилизација на Авганистан и дека овие мисии се огромно искуство за нашата Армија.

Комисијата за одбрана и безбедност, едногласно му предложи на  Собранието на Република Македонија да ја разгледа и донесе Предлог- одлуката за испраќање на единица на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција во Авганистан во предложениот текст.

Click