Активности



Четврток, 12 ноември 2009 година, Брисел

Европарламентот изгласа визна либерализација од 19 декември

Европскиот парламент во Брисел денеска го поддржа Извештајот за визна либерализација на Македонија, Србија и Црна Гора, подготвен од словенечката европратеничка Тања Фајон, со кој се предвидува слободно патување за овие три земји во Европа од 19 декември 2009 година, наместо првичниот термин 1 јануари 2010 година.

Предлог-резолуцијата ја изгласаа голем број европратеници, а укинувањето на визите Тања Фајон го нарече новогодишен поклон за граѓаните на Балканот.

Конечниот збор на 30 ноември ќе го даде Советот на министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европската унија. Одлуката треба да ја поддржат две третини од земјите-членки на Унијата.

Европската комисија на 15 јули препорача укинување на визите во овие три земји. Минатиот месец Извештајот беше одобрен од Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи, а претходно и од Комитетот за надворешна политика.

Влегувањето во белата шенген-листа ќе значи дека граѓаните на Република Македонија ќе можат да патуваат без визи во 25 европски земји.

Click