Активности

Среда, 25 ноември 2009 година

Европарламентот расправа за проширување на ЕУ

На пленарната сесија на Европскиот парламент, која се одржува од 23 до 26 ноември во Стразбур, денеска европратениците расправаат за Предлог-резолуцијата на Европската комисија за проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан, Турција и Исланд.

Во Предлог-резолуцијата, изготвена од италијанскиот европратеник Габриеле Албертини, за која ќе се гласа утре, почетокот на преговорите не се условува со претходно решавање на спорот за името, но се охрабруваат Македонија и Грција што е можно поскоро да најдат заемно прифатливо решение.

Како позитивен придонес за регионалната стабилност се оценува неодамнешното воспоставување дипломатски односи меѓу Македонија и Косово, како и склучувањето на договорот за физичка демаркација на границата. Се повикува македонската влада да продолжи со реформите во јавната администрација и судскиот систем, борбата со корупцијата, подобрување на правата на жените и меѓуетничките односи.

На вчерашната пленарна сесија, од Советот беше побарано на самитот во декември да ја потврди препораката на Европската комисија за Република Македонија, а во врска со визната либерализација, европратениците го потенцираа фактот дека нашата земја ги има исполнето сите критериуми.

Click