Активности



Среда, 20 мај 2009, Национален совет за евроинтеграции

Јавна расправа по Предлогот на законот за меѓуопштинска соработка

Националниот совет за евроинтеграци заедно со Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија организираа јавна расправа по Предлог-законот за меѓуопштинска соработка. Беа изнесени предлози и забелешки за подобрување на одредбите на Предлогот на законот и во насока на обезбедување на поквалитетно и поефикасно остварување на заедничките интереси и работи од надлежност на општините, како и подобрување на условите за меѓуопштинска соработка.

Учество зедоа членови на Националниот совет за евроинтеграции, министерот за локална самоуправа Муса Џафери, претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа Коце Трајановски, пратеници во Собранието на Република Македонија, градоначалниците на општините Прилеп, Битола, Велес, Тетово, Кавадарци, Арачиново, Брвеница и Старо Нагоричане, претставници од општините Центар, Охрид, Куманово, Неготино и Бутел, претставници од Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија, од ОБСЕ, НВО Инфоцентар, Граѓанската асоцијација Мост и Фондација Институт отворено општество.

Оваа јавна расправа претставуваше можност заинтересираните субјекти да ги изнесат согледувањата за состојбата во Република Македонија во областа на меѓуопштинската соработка.


 

Click