Активности



Четврток, 19 ноември 2009 година

Климата и енергетиката во фокусот на Самитот меѓу ЕУ и Русија

Климатските промени и енергетските прашања беа доминантни теми на третиот самит меѓу Европската унија и Русија, кој вчера се одржа во Стокхолм. Домаќин на Самитот беше шведскиот премиер и претседавач со Унијата, г.Фредрик Рејнфелд, а покрај неговиот гостин - рускиот претседател г.Дмитриј Медведев, учество зедоа и претседателот на Европската комисија, г.Жозе Мануел Баросо и високиот претставник на ЕУ, г.Хавиер Солана.

Најголем впечаток на средбата на врвот остави изјавата на рускиот претседател дека неговата земја до 2020 година ќе ја намали емисијата на штетни гасови за 25% под нивото од 1990 година.

Во однос на ова прашање, исто така и ЕУ планира намалување на емисиите на јаглерод диоксид за 20% во споредба со 1990 година.

На Самитот беше поздравен енергетскиот договор, кој во понеделникот во Москва го потпишаа ЕУ и Русија, како еден засилен механизам за рано предупредување од нова енергетска криза, со цел во иднина да се избегне евентуално прекинување на енергетската достава во Европа.

Click