Активности



Тирана, 4 - 6 февруари 2009

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија на покана на Собранието на Република Албанија ќе присуствува на тематска средба на парламентарните комисии надлежни за Коридорот 8

Делегацијата во состав Андреј Петров, заменик-претседател и членовите на комисијата Јован Лазарев, Катерина Димеска, Тахир Хани и Томе Чинговски ќе се сретне со парламентарните комисии на Република Албанија, Република Бугарија, Република Италија надлежни за Коридорот 8 и со претставници на ЕК за поттикнување на проектот „Коридор 8“.

Меѓупарламентарната средба ќе се одржи во Тирана од 4 до 6 февруари.

 

 

Click