Активности



Четврток, 12 февруари 2009 година, Будимпешта, Република Унгарија

Конференција на претседатели на секции на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ) - Регион Европа

    

     На 12 февруари 2009 година во Будимпешта, Република Унгарија, ќе се одржи Конференција на претседатели на секции на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ) - Регион Европа, на која ќе учествува пратеникот г. Андреј Петров, прв потпретседател на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата.

На оваа конференција на Парламентарното собрание на Франкофонијата -Регион Европа ќе учествуваат делегации на 24 секции на земји и региони и ќе се расправа за утврдување на темите коишто ќе бидат разгледани на 22. Регионално собрание на ПСФ, што ќе се одржи од 21 до 25 април 2009 година во Сен Елие во Џерси.

Членот на македонската делегација ќе оствари и билатерални средби со неговите колеги од парламентите на европските земји и ќе размени мислења за прашања од заемен интерес. 







Click