Активности



Среда, 13 мај 2009 година, Рим, Италија

Република Македонија останува посветена на унапредување на добрососедските односи, на соработката во регионот и на целосното остварување на евро-атлантската агенда

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав на пратениците Талат Џафери, шеф на делегацијата, Владо Бучковски, член и Павле Трајанов, заменик-член на делегацијата учестуваше на обележувањето на 60-годишнината на НАТО што се одржа на 11 мај во италијанскиот Сенат.

На одбележувањето учествуваа околу 200 пратеници од 38 делегации на земјите-членки на НАТО и земјите со асоцијативен статус во ПС на НАТО, кои заедно работат на заштита на вредностите на слобода, демократија и солидарност како фундаментални вредности на Вашингтонскиот договор на НАТО.

Пратеникот Владо Бучковски поздравувајќи го овој настан истакна дека Република Македонија останува посветена на унапредување на  добрососедските односи и соработката во регионот и на целосното остварување на евро-атлантската агенда. Јасната евро-атлантска перспектива на земјите од регионот, членството во НАТО и во ЕУ, претставуваат движечка сила за стабилизација и одржлив демократски развој на земјите од регионот.

 Констатира дека безбедноста и стабилноста на Западниот Балкан јасно и неспорно лежат во НАТО, и во тој контекст гео-стратегискиот интерес на Алијансата за прием на Република Македонија во НАТО е неспорен и во континуитет потврдуван од НАТО - води кон заокружување на процесот на Европа, целосна и во мир.

Click