Активности



Петок. 27 ноември 2009 година

Објавен составот на новата Европска комисија

Претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, на прес-конференција во Брисел, ја објави својата нова екипа, која треба да започне со работа на почетокот на следната година, откако ќе биде утврдена од Европскиот парламент. Нов комесар за проширување ќе биде г. Штефан Фуле од Чешка, кој ќе го наследи г. Оли Рен.

„Задоволство ми е што можам да ја претставам новата Комисија. Сакам да им се заблагодарам на земјите-членки за нивните одлични номинации. Го поздравувам враќањето на тринаесет стари членови на Комисијата и мислам дека постигнавме добар микс од способност, искуство и пол", изјави г. Баросо.

 

Новата Европска комисија ја сочинуваат:

  • Јоханес Хан (Австрија) – регионална политика;
  • Карел де Гухт (Белгија) – трговија;
  • Румјана Желева (Бугарија) – меѓународна соработка, хуманитарна помош и дејствување при кризи;
  • Кетрин Ештон (Велика Британија) – висок претставник за надворешни работи и заменик-претседател на Еврокомисијата;
  • Гунтер Јотингер (Германија) – енергетика;
  • Марија Даманаки (Грција) – морепловство и рибарство;
  • Кони Хедегард (Данска) – клима;
  • Сим Калас (Естонија) – транспорт, заменик-претседател на Комисијата;
  • Мери Џохеган Куин (Ирска) – истражување и иновации;
  • Хоакин Алмунија (Шпанија) – конкурентност;
  • Антонио Тајани (Италија) – индустрија, заменик-претседател на Комисијата;
  • Андрула Василиу (Кипар) – образование, култура, мултијазичност;
  • Андрис Пиебалгс (Летонија) – развој;
  • Алгирдас Шемета (Литванија) – даночна и царинска унија, ревизија и борба против измама;
  • Вивијан Рединг (Луксембург) – правосудство и основни права;
  • Џон Дали (Малта) – здравство и заштита на корисниците;
  • Јануш Левандовски (Полска) – буџет и финансии;
  • Жозе Мануел Баросо (Португалија) – претседател на Еврокомисијата;
  • Дачијан Чолош (Романија) – земјоделство;
  • Марош Шефчович (Словачка) – заменик-претседател на ЕК за меѓуинституционални односи и администрација;
  • Јанез Поточник (Словенија) – екологија;
  • Ласло Андор (Унгарија) – трудова и социјална политика;
  • Оли Рен (Финска) – економија и надворешни прашања;
  • Мишел Барние (Франција) – внатрешен пазар;
  • Нели Крус (Холандија) – дигитализација;
  • Штефан Фуле (Чешка) – проширување и политика на добрососедство;
  • Сесилија Малмстром (Шведска) – внатрешни работи.
Click